Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Бугарите молат во Брисел: Негирање за македонскиот јазик и идентитет на сметка на еврото

Бугарите молат во Брисел. Се јавувале да се одложи гласањето за македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарите молат во Брисел. Се јавувале да се одложи гласањето за македонскиот јазик и идентитет. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека власта во Софија се обидува на сметка на Македонија да го смени левот со еврото. Се јавувале да молат да не се расправа и гласа за извештајот, со кој во Европскиот Парламент треба да се зацементира македонскиот јазик и идентитет. На бугарските власти им е страв дека протестите против воведување на еврото ќе се прошират и ескалираат, ако помине извештајот за македонскиот јазик и идентитет.

-И тогаш високи политичари од страна на нашиот источен сосед вртеа на високи политичари во Брисел, аман те заман не го ставајте сега извештајот, не ни правете проблем бидејќи нели треба да помине еврото во Парламентот, да не ни се соберат повеќе луѓе на улица, да ни протестираат знаете сега имаме еден голем проблем и во ред, најголемиот дел од европратениците, оние кои што вистински ги застапуваат европските вредности одлучија да му дадат шанса на процесот, изјави Мицкоски.

Расправата за извештајот за напредокот на Македонија требаше да биде на четврти јуни, но известувачот Вајц побара да се одложи за 20 дена, за Бугарија да има шанса да ги каже своите аргументи. Според Мицкоски доколку не се изгласа овој документ, само ќе се докаже дека на официјална Софија уставните измени не и се единствена цел.

Реклама

-Ако не помине, ако повторно се одложи, тогаш треба македонските граѓани да се свесни дека не е неколку стотици македонски граѓани кои што се дел од бугарската заедница кај нас да бидат дел од нашата Преамбула, туку македонскиот посебен вековен идентитет и јазик. Тоа е суштината, тоа е проблемот, се останато нема никаква врска со реалноста и нема никаква врска со она што ни го кажуваа политичарите во минатото. Или се политички аналфабети или брутално и грубо ги лажат граѓаните, изјави Мицкоски. 

Расправата по извештајот, каде за прв пат се користат термините македонскиот јазик и идентитет, е закажана на 24 јуни во Европскиот Парламент. Овој извештај се смета за победа на Македонија, која започна дипломатската офанзива за да ја увери Европа дека бугарските барања немаат ништо врска со европски принципи, туку со негирање на македонскиот идентитет и јазик.

Матеја Петровски