Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Буџетот доби виза – опозицијата обвини за предизборен поткуп

Жестока дебата во Парламентот за државната каса. Пратениците од власта и опозицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жестока дебата во Парламентот за државната каса. Пратениците од власта и опозицијата ги вкрстија копјата околу проектираниот буџет од 3,9 милијарди евра, највисок во историјата на земјата. За опозицијата буџетот е неразвоен, а Владата велат со најавените зголемувања на платите и пензиите планирала предизборен поткуп. Власта пак се фали – парите ќе се трошеле за развој на човечки капитал, здравство, образование, инфраструктура…

„Со жалење морам да констатирам дека до април месец мора некако да издржиме со овој лажен буџет. Мора пензионерите да издржат со покачувањето од 36 денари. Мора професорите да издржат со ветеното, а излажаното покачување неусогласено со колективниот договор. Мора докторите да издржат со таа плата до која стасаа, а е многу помала од ветените 100.000 денари“, вели пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.

„Со најавеното покачување кое вие сакате да го опструирате, и не знам како ќе им објасните на пензионерите зошто сакате да го опструирате ова покачување, со тоа покачување пензионерите ќе имаат најголемо зголемување на пензиите последните 20 години“, рече пратеникот Илија Николовски од Партијата на пензионерите.

Реклама

Пратениците од СДСМ се пофалија со модернизација на здравството – опозицијата ги потсети дека ветувањата за повисоки примања за лекарите не ги исполниле.

„Вкупно за здравство 41 милијарда денари… 12,6 милиони евра за Министерството за здравство, за превенција и заштита, имунизација, како и рекордни 527 милиони денари за програмата за ретки болести“, вели пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.

“Кажавте како ќе ги трошите парите, но каде ќе ги најдете? Буџетот нема да му помогне на стопанството, само ќе биде наменет за зголемување на плати. Економијата е во незавидна состојба, па ме интересира како ќе ги најдете парите ако не се плаќаат даноци, компаниите ако работат со загуби и не ги подмируваат давачките кон државата?, ги праша пратеничката од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Проекцијата на државната каса за идната година изнесува 3,9 милијарди евра. Економскиот раст се предвидува да биде 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит на ниво од 2,3 отсто од БДП.

Биљана Божиновска