Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Буџетот на УКИМ зголемен за 24 милиони евра, платите на професорите покачени за 14%

Буџетот на УКИМ годинава е зголемен за повеќе од 24 милиони евра.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот на УКИМ годинава е зголемен за повеќе од 24 милиони евра. Сметката на најдобриот Универзитет во Македонија од ланските 2,2 милијарди денари, достигна 3,7. Владата и Министерството за образование и наука преку конструктивен и социјален дијалог ги зголеми и платите во високото образование, па академиската фела од јануари годинава доби покачување од 14%.

„Владата за да покаже дека е фокусирана на образованието издвои поголем број средства, а конкретно за „УКИМ“ издвои милијарда и пол веќе од оваа година. Државата има потреба од наука, иновации, квалитено образование, така да и во иднините години ќе преземаме слични чекори“, изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Истовремено и очекувањата се големи. Министерката Јаневска на денешната научна конференција за предизвиците во високото образование, побара заеднички ангажман на сите релевантни чинители во изградбата на систем со модерни студиски програми.

Реклама

„Целта е иста, а тоа е покачување на квалитетот на високото образование односно одлепување од дното на резултатите на ПИСА и ТИМС и покачување на Шангајксата листа“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Целосната дигитализација на услугите на Универзитетот се очекуваат да започнат од овој месец. Најпрво ќе се дигитализираат сите студентски сервиси, а процесот целосно се очекува да биде заокружен до почетокот на учебната 2025/2026 година со воведувањето на електронскиот индекс.

„Ова е процес што ќе трае. Мојата претпоставка е дека во текот на една година или година и половина, овој процес може да се заокружи, но УКИМ влегува во овој процес и тоа е наш приоритет. Очекуваме дека од дигитализацијата и од подобрувањето на управувањето со квалитетот ќе имаме и подобрување на рангот на самиот универзитет“, изјави ректорката на Скопскиот универзитет, Биљана Ангелова.

Со цел унапредување на образованието на младите во земјава и нивна мотивација, УКИМ за студентската година 2024/2025 обезбеди повеќе од 290 стипендии. На овој начин на идните студенти драстично им се олеснија финансиските трошоци, а Универзитетот им понуди и нови студентски програми, како што е програмата за дигитално земјоделие како и неколку програми на англиски јазик. Инаку УКИМ се наоѓа на 1990 место на листата која ја прави Центарот за рангирање на светски универзитети. Тој е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на ова рангирање.

Љубиша Владимиров