Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

Храната поевтинува втор месец по ред, има намалување на инфлацијата – што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Храната поевтинува втор месец по ред, има намалување на инфлацијата – што сега се стабилизира и покрај светските случувања, трошоците за живот се зголемени за минимални и незабележителни 0,1 проценти. Бројките радуваат, но за трајна и подолгорочна стабилна состојба, потребно е поттикнување и зголемување на домашното производство. Според познавачите мора да се зголеми домашната потрошувачка, бидејќи само така ќе добиеме реален раст на економијата.

-Навистина би сакал јас тоа да се одвива во текот на целата година, особено да кажам да ја наречам економско потрошувачка година, за да може ние на да бележиме онака како што предвидуваат одредени аналитичари и економисти, некаде до третиот процентент поен или три проценти. Меѓутоа сето тоа може да се случува, исклучиво ако го поттикнуваме домашното производство и да ја поттикнуваме македонската домашна потрошувачка, изјави Бошков.

За Министерството за финансии, намалувањето на инфлацијата е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата. Според првиот човек на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков за баласнирање и зауздување на инфлацијата, потребно е стабилизирање и на геополитичките случувањеа.

Реклама

-Ние сме зависна економија од енергенси, од производи, од суровини итн. И сега само да се надеваме дека ќе се смируваат и ќе се подобруваат геополитичките состојби, ќе се смируваат тензиите, за да можеме ние да бележиме одредена стабилност, бидејќи нашата маркоеконоска стабилност ја диктираат нашите константни партнери, изјави Бошков.

Она што радува е што во јули храната и безалкохолните пијалоци поевтиниле за 1,1%. Кај земјоделските производи има пад од нешто над 3%. Поевтинување има и кај прехранбените, индустриските производи и пијалоците. Минимално намалување од 0,2% има кај облеката и обувките. Пад од 1,4% има во делот покуќнина и одржување на домаќинства. Инфлацијата е најмногу резултат на поскапиот транспорт за 4,4%. Инфлацијата во јули е 2,3% на годишно ниво. Ова е намалување, бидејќи во јуни беше 3,4% споредено со истиот месец лани.

Надлежните велат дека доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушување на пазарот, ќе реагираат навремено и ќе ги искористат сите механизми што стојат на располагање за заштита на куповната моќ на граѓаните.

Матеја Петровски