Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Бриселски „Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Новата бугарска влада одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата бугарска влада одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Бугарија упорно бара Македонија да се држи до обврската за уставни измени. Оваа информација ја објавува бриселскиот портал „Еурактив“.

„Пред три години, Бугарија и Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западниот Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот Устав, а властите во Софија ветија дека ќе го укинат ветото за почеток на преговорите со Македонија, се потсетува во текстот објавен денеска.

Авторот на написот натаму наведува дека лани дојде до промена на властта во Скопје и дека новата влада предводена од Христијан Мицкоски ветија дека „нема да направи отстапки кон Софија“. Во текстот се пренесува и изјава на неименуван бугарски министер дека Бугарија останува „исклучително доследна“ на нејзината политика кон Западниот Балкан и на европската интеграција на сите земји од регионот.

Реклама

„Постоји европски консензус, кој во Бугарија е познат како „Францускиот предлог“, што строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи Македонија“, вели министерот.

Анализата на „Еурактив“ доаѓа по посетата на македонскиот министер за евроинтеграции, Орхан Муртезни, на Брисел. Пред да замине за Атина, Муртезани изјави дека добил сигнали од бугарски претставник, за подготвеност за дијалог со официјална Софија, но дека во целиот процес поинтензивно треба да се вклучи и Европската Унија.

По оваа изјава, премиерот Христијан Мицкоски порачал дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската влада и дека не треба да не изненади тоа, бидејќи е нормално соседите да разговараат и да градат односи. Сепак, вели премиерот, градењето добрососедски односи не значи дека се согласуваме на некои теми што не не разделуваат.