Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат!

Во Europe House Скопје, се одржа настанот „Енергија на успехот: Таму каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Europe House Скопје, се одржа настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и министерката Сања Божиновска. Овој настан беше посветен на жените кои ја обликуваат иднината на енергетиката и рударството, индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, но кои денес се сведоци на промени кои ги водат токму жените.

„Жените не се иднината на енергетиката и рударството. Жените се сегашноста. Кога жените се дел од одлуките, енергетските стратегии се попаметни, а ресурсите се поефикасно искористени. Ова не е борба за да бидеме признати – ова е борба за резултати. Како министерка, мојата работа не е само да „мотивирам“ жени да влезат во секторот – туку да обезбедам услови тие да напредуваат во него.“ истакна министерката Сања Божиновска во своето обраќање.

Таа ги нагласи и конкретните чекори што Министерството ги презема за поддршка на жените во овие сектори, вклучувајќи професионален развој, менторски програми и родов баланс во управувањето.

Реклама

На настанот присуствуваше и постојаната координаторка на ОН во Македонија и признат меѓународен експерт за родова еднаквост, г-ѓа Рита Колумбија, која говореше и за нејзиниот пат како жена.

„Целта пред себе и одлучноста да бидам во можност да им помогнам на жените во светот е она што ме движеше напред. Како жена добро знам што се ни стои на патот. Клучно е да не го одиме патот сами, да имаме вистинска поддршка и партнерство во нашите семејства и опкружување, но и да се поддржуваме ние жените меѓу себе, да играме тимски и да напредуваме заедно.“, истакна Колумбија.

Настанот вклучуваше две инспиративни панел-дискусии, каде над 50 жени-лидери од индустријата ги споделија своите искуства и визии.

Учесничките, меѓу кои Катерина Новакова (Рудник САСА), Кристина Крстева (рудник Бучим) Ана Мешко (АД ЕСМ) Кика Шпритова, раководител на одделение за рударство и Магдалена Даскалова (Сектор за обновливи извори на енергија) МЕРМС, разговараа за Разбивање на бариерите, нивните искуства во секторот, Родовата еднаквост – дали има значителен напредок и што треба да се подобри.

Во вториот панел, Соња Лепиткова (Македонско геолошко друштво), Александра Крколева (ФЕИТ), Симона Домазетовска (МЕПСО) Маја Аначкова (ЕСМ), Валентина Старделова (МЕРМС) дискутираа за: Клучните фактори за напредок во кариерата, како до лидерски позиции и успех, потребата од поддршка, менторство и вмрежување и како да се зголеми бројот на жени во STEM професиите.

„За да создадеме заедница на жени во секторот, треба да инвестираме во менторство и да ги подигнеме гласовите на оние кои веќе се успешни. Нивните приказни се најмоќната инспирација и ќе охрабрат, ќе го отворат патот“, порачаа учесничките.

Настанот „Енергија на успехот“ не беше само прослава на достигнувањата на жените во енергетиката и рударството, туку и повик за акција. Тој ја истакна потребата од родова еднаквост, поддршка и инклузија во овие сектори, како и важноста на колективната обврска за поддршка на жените во STEM професиите -да се биде инспирација повеќе млади девојки да ја одберат оваа професија.

„Вашите приказни се моќни. Вашите достигнувања се инспиративни. И вашите соништа се остварливи. Продолжете да ги кршите бариерите и да инспирирате! Заедно, можеме се! “, порача министерката Сања Божиновска.

Овој настан беше потврда дека жените не само што се дел од промената – тие ја водат!