Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат! Настанот „Енергија на успехот“ ја слави силата на жените во енергетиката и рударството

Во Europe House Скопје, се одржа настанот „Енергија на успехот: Таму каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Europe House Скопје, се одржа настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и министерката Сања Божиновска. Овој настан беше посветен на жените кои ја обликуваат иднината на енергетиката и рударството, индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, но кои денес се сведоци на промени кои ги водат токму жените.

„Жените не се иднината на енергетиката и рударството. Жените се сегашноста. Кога жените се дел од одлуките, енергетските стратегии се попаметни, а ресурсите се поефикасно искористени. Ова не е борба за да бидеме признати – ова е борба за резултати.Како министерка, мојата работа не е само да „мотивирам“ жени да влезат во секторот – туку да обезбедам услови тие да напредуваат во него.“ истакна министерката Сања Божиновска во своето обраќање.

Таа ги нагласи и конкретните чекори што Министерството ги презема за поддршка на жените во овие сектори, вклучувајќи професионален развој, менторски програми и родов баланс во управувањето.

Реклама

На настанот присуствуваше и постојаната координаторка на ОН во Македонија и признат меѓународен експерт за родова еднаквост, г-ѓа Рита Колумбија, која говореше и за нејзиниот пат како жена.

„Целта пред себе и одлучноста да бидам во можност да им помогнам на жените во светот е она што ме движеше напред. Како жена добро знам што се ни стои на патот. Клучно е да не го одиме патот сами, да имаме вистинска поддршка и партнерство во нашите семејства и опкружување, но и да се поддржуваме ние жените меѓу себе, да играме тимски и да напредуваме заедно.“, истакна Колумбија.

Настанот вклучуваше две инспиративни панел-дискусии, каде над 50 жени-лидери од индустријата ги споделија своите искуства и визии.

Учесничките, меѓу кои Катерина Новакова (Рудник САСА), Кристина Крстева (рудник Бучим) Ана Мешко (АД ЕСМ) Кика Шпритова, раководител на одделение за рударство и Магдалена Даскалова (Сектор за обновливи извори на енергија) МЕРМС, разговараа за Разбивање на бариерите, нивните искуства во секторот, Родовата еднаквост – дали има значителен напредок и што треба да се подобри.

Во вториот панел, Соња Лепиткова (Македонско геолошко друштво), Александра Крколева (ФЕИТ), Симона Домазетовска (МЕПСО) Маја Аначкова (ЕСМ), Валентина Старделова (МЕРМС) дискутираа за: Клучните фактори за напредок во кариерата, како до лидерски позиции и успех, потребата од поддршка, менторство и вмрежување и како да се зголеми бројот на жени во STEM професиите.

„За да создадеме заедница на жени во секторот, треба да инвестираме во менторство и да ги подигнеме гласовите на оние кои веќе се успешни. Нивните приказни се најмоќната инспирација и ќе охрабрат, ќе го отворат патот“, порачаа учесничките.

Настанот „Енергија на успехот“ не беше само прослава на достигнувањата на жените во енергетиката и рударството, туку и повик за акција. Тој ја истакна потребата од родова еднаквост, поддршка и инклузија во овие сектори, како и важноста на колективната обврска за поддршка на жените во STEM професиите -да се биде инспирација повеќе млади девојки да ја одберат оваа професија.

„Вашите приказни се моќни. Вашите достигнувања се инспиративни. И вашите соништа се остварливи. Продолжете да ги кршите бариерите и да инспирирате! Заедно, можеме се! “, порачаминистерката Сања Божиновска.