Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Божиновска: Станавме дел од енергетската мапа – кога има повеќе алтернативи, има поголема конкурентност и пониски цени 

Македонија вчера и официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, со Меморандумот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија вчера и официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, со Меморандумот за соработка што беше потпишан во рамки на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа. На церемонијата во Солун присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Пред потпишувањето, Божиновска рече дека по три децении, конечно, не сме изоставени од енергетската мапа и ќе имаме алтернативно спојување. 

Како што оцени, секогаш кога има повеќе алтернативи, кога не зависиме само од еден извор, има и поголема конкурентност и пониски цени. 

Реклама
null

Министерке Божиновска, учествувавте на јубилејниот 10. Енергетски форум и на 6. Метрополитен самит во Солун. Отворени беа многу актуелни прашања околу енергетската безбедност и сигурност. Која е клучната порака?

– Да, вчера бев присутна на 6. “Metropolitan Summit” и на многу важниот јубилеен 10. Енергетски форум во Југоисточна Европа. Најважната порака беше тоа дека ние конечно не сме изоставени од енергетската мапа. По три децении, конечно ќе имаме и алтернативно спојување. Го потпишавме Меморандумот со што веќе сме и дел од Вертикалниот коридор. Тоа значи дека ако првенствено тоа беше замислено да биде Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, сè до Украина и Молдавија, сега и ние, заедно со Република Србија, сме дел од ова семејство.

Со вчерашното потпишување на Меморандумот за соработка, Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор. Што ќе значи тоа за државата, ќе не позиционира ли поинаку на енергетската мапа?

– Секако, сега веќе ние сме дел од ова семејство, нè има на мапата, меѓутоа, како што знаете, секој енергетски проект не е нешто што за месец-два се реализира. Интерконекторот со Република Грција оди според планираните работи, што значи дека следната година, некаде во јуни-јули, би требало да биде сè завршено. Во однос на Република Србија, минатата недела во Владата назначивме локален домашен изведувач, така што до крајот на 2027 година би биле подготвени, што значи ние може да сме и транзит. Тоа значи дека ќе има бенефит, ќе се плаќа и кај нас, а исто така ќе може да се овозможи алтернативна рута, односно нема само да имаме едно спојување од Република Бугарија.

null

Колку приклучувањето на коридорот ќе ја подобри стабилноста во снабдувањето и дали може да се очекуваат директни придобивки во однос на ценовната предвидливост за македонското стопанство и граѓаните?

– Секако дека цените зависат од геополитичките случувања, меѓутоа, секогаш кога има повеќе алтернативи, односно кога не зависиме само од еден извор, кога има друга можност, има и поголема конкурентност и пониски цени. 

Дали потпишаните документи на Форумот содржат конкретни обврски за забрзување на реформите во енергетскиот сектор што ги бара Енергетската заедница?

– Конкретни обврски немаме, меѓутоа има околу шест точки што понатаму би требало да се случуваат. Ќе биде се достапно, па може сите да прочитате што произлегува од Меморандумот. Како и сите меморандуми што ги имаме потпишано, документите ќе бидат објавени на нашата веб-страница. Кога сите ќе се завршат со процедурите, ќе биде сè преведено и објавено.