Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week

На маргините на UNECE Resource Management Week 2026, министерката за енергетика, рударство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на UNECE Resource Management Week 2026, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со високи претставници на Обединетите нации, меѓународни институции и експерти од енергетскиот сектор, во насока на зајакнување на соработката во процесите на енергетска транзиција, одржливо управување со ресурси и регионална интеграција, информираат од Министерството.

Божиновска остварила и работна средба со Dmitry Mariyasin, заменик извршен секретар на Економската комисија на Обединетите нации за Европа, на која се разговарало за продлабочување на соработката во рамки на UNECE, забрзување на процесите за зелена транзиција, унапредување на регулаторните рамки и поддршка на инвестиции во одржливи енергетски проекти.

Во разговорите била истакната важноста на регионалната поврзаност, интеграцијата на енергетските пазари и потребата од заеднички пристап во справување со предизвиците на глобалната енергетска трансформација.

Реклама

Министерката Божиновска нагласила дека Македонија останува цврсто посветена на активна улога во меѓународните процеси, унапредување на одржливото управување со ресурси и градење на стабилни партнерства со Обединетите нации и другите меѓународни чинители.

Во фокусот на активностите било и учеството на министерката на високопрофилниот панел „Social Engines of Sustainable Resource Management: Gender Equality, Intergenerational Justice, and why Extractive Legacies Matter“, заедно со истакнати меѓународни експерти, меѓу кои Cristina Marras, Co-Chair на EGRM Women in Resource Management Working Group, Edoardo Ghirelli, основач на Green Mining Italia и експерт за одржливо и инклузивно рударство, како и модераторот Dario Liguti, директор на Одделот за енергетика, домување и управување со земјиште при UNECE.

Во рамки на панелот биле отворени клучни теми поврзани одржливото управување со природните ресурси, при што било нагласено дека енергетската транзиција мора да биде инклузивна, праведна и насочена кон луѓето.

Со оваа посета и учество, велат од Министерството, уште еднаш се потврдува континуираната определба на државата за инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на меѓународната соработка и активно позиционирање во глобалните енергетски текови.