Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Божиновска: Први мај нека биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон трудот – кажува каква држава градиме

Први мај нека биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Први мај нека биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон трудот – кажува каква држава градиме, напиша денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на нејзината Фејсбук-страница.

– Први мај – за луѓето што ја движат државата. За оние што знаат дека вредноста не доаѓа преку ноќ, туку со знаење, труд и достоинство. За оние што со право очекуваат нивниот труд да биде виден, признаен и почитуван – истакна Божиновска.

Без вистинска почит кон трудот, како што додаде министерката – нема напредок.

Реклама

– Успехот секогаш е огледало на тој однос. Како министерка, мојата обврска е јасна – да градиме средина во која трудот се вреднува, а довербата се заслужува. Средина во која младите гледаат перспектива, а искусните сигурност. Во која успехот не е привилегија, туку резултат – и секој знае дека неговиот придонес има тежина. Први мај нека биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон трудот – кажува каква држава градиме. И поттик – да бараме повеќе, да градиме подобро и да не прифаќаме помалку од она што го заслужуваме. Среќен 1 Мај – Денот на трудот – порача министерката Божиновска.