Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Божиновска на SEEF во Солун – ќе го потпише меморандумот за приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска, во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска, во рамки на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF) што се одржува во Солун, ќе го потпише меморандумот за соработка за приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор.

Со меморандумот официјално ќе биде означено приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор – една од значајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа.

На форумот е најавено учество на министри, претставници на најголемите енергетски компании и на меѓународни институции, експерти, регулатори и инвеститори.

Реклама

Предвидено е Божиновска да учествува на министерска тркалезна маса посветена на „безбедноста, достапноста и конкурентноста во променливата енергетска средина“, заедно со своите колеги од Грција, Бугарија и Кипар, по што ќе следува потпишувањето на меморандумот.

Во фокус на јубилејниот 10. Форум се енергетската сигурност, обновливите извори и регионалната соработка во ЈИЕ. 

Божиновска претходно ќе учествува на 6. Метрополитен самит, насловен „Во пресрет на 2030 година: поврзаност и раст за Југоисточна Европа“, што исто така се одржува во Солун, а Вертикалниот гасен коридор е една од главните теми. Според програмата, ќе се дискутираат и геополитичките промени, регионалната економска соработка, развојот на инфраструктурата и зелената енергетска транзиција во Југоисточна Европа. Отворени ќе бидат клучните прашања за предизвиците со кои се соочува регионот на ЈИЕ среде глобалните геополитички турбуленции и општествените и технолошки промени во глобален контекст.

На средината на мај годинава во Атина се одржа министерски состанок на кој присуствуваа министрите за енергетика на Македонија, Србија, Бугарија и Грција и беше одлучено да се прошири Вертикалниот коридор кон нашата земја и Србија.

Пред два месеца, претставниците на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на преносните системи од земјите од Вертикалниот коридор, Грција, Бугарија, Унгарија, Украина, Романија, Македонија и Србија, како и компаниите Гастрејд и ИЦГБ, одржаа состанок во Атина, на кој исто така се разговарало за проширувањето на конкретниот коридор.

Со вклучувањето во Вертикалниот коридор, нашата земја треба да обезбеди дополнителна енергетска стабилност и диверзификација на изворите, паралелно со останатите проекти, како што се интерконекторите со Грција и Србија, кои откако ќе бидат завршени Македонија ќе биде поврзана и на север и на југ и ќе има можност да стане значаен регионален центар за природен гас.

Минатата недела беше потпишан Договорот за проектирање и изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, со што официјално почнаа активностите за реализација на уште еден стратешки енергетски проект за регионално поврзување и диверзификација на снабдувањето со природен гас.

Во однос на интерконекторот со Грција, изградбата е во тек и се очекува следната година да биде завршен. За овој интерконектор, на почетокот на јули Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација.