Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Божиновска – Милер: Заедничка заложба за политики што ги ставаат децата и младите во фокусот на енергетската и општествената транзиција

Можностите за унапредување на меѓусекторската соработка со цел креирање политики што директно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за унапредување на меѓусекторската соработка со цел креирање политики што директно придонесуваат за подобрување на благосостојбата на децата и младите, особено во контекст на енергетската транзиција, климатските предизвици и намалувањето на енергетската сиромаштија беа разгледани на денешната официјална средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Министерката Божиновска, информираат од нејзиниот Кабинет, истакна дека Министерството е посветено на развој на инклузивни и одржливи политики, при што особено внимание се посветува на ранливите категории граѓани, вклучително и децата, како и на обезбедување пристап до сигурна, достапна и чиста енергија за сите домаќинства.

-Енергетските политики не се само економско прашање – тие имаат директно влијание врз квалитетот на живот, здравјето и иднината на децата. Затоа нашата заложба е да градиме систем што ќе биде праведен и одржлив за сите генерации, истакна Божиновска.

Реклама

Претставничката на УНИЦЕФ, Милер ја поздрави посветеноста на институциите кон градење политики базирани на правата на децата и ја нагласи важноста од интегрирање на детската перспектива во сите јавни политики, вклучително и во секторите кои традиционално не се директно поврзани со детската заштита, како што е енергетиката.

На средбата се разговараше и за потенцијални заеднички иницијативи во делот на едукација, подигнување на јавната свест и вклучување на младите во процесите на креирање политики, како и за поддршка на програми што придонесуваат за одржлива и зелена иднина. Претставниците на УНИЦЕФ ги презентираа своите активности во областа на стручното образование и обука, вклучително менторство на наставен кадар и спроведување обуки за ученици од средно образование. Во таа насока, беше потенцирана важноста од заеднички активности насочени кон подигнување на свеста кај младите за теми како што се чист амбиентален воздух, енергетска ефикасност и одржливи практики.

Дополнително, беше разгледана можноста за вклучување на УНИЦЕФ во постоечките активности на Министерството, особено во делот на практична настава и ангажман на студенти.

Соговорничките изразија подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период, со заедничка цел – создавање подобри услови за развој, еднакви можности и посигурна иднина за секое дете.