Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Бошков: Поддршка за превозниците, економијата и граѓаните не може да бидат заложници

Македонската економија и македонските граѓани не може да бидат заложници. Ги поддржуваме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија и македонските граѓани не може да бидат заложници. Ги поддржуваме превозниците во протестите што ги организираат затоа што сме засегнати и како економија и како граѓани поради недостоинственото спроведување на и тоа како важната безбедносна реформа на Европската Унија, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија.  

Бошков истакнува дека реформата во системот за евиденција ЕУ можела да се спроведе многу полесно преку амбасадите во земјите членки.

– Можеа многу полесно да го реализираат, на пример, да има по еден апарат во секоја амбасада во земја членка на ЕУ. Граѓаните, наместо да создават редови на граница, ќе можеа регистрацијата да ја направат во амбасадите, но тоа е нивен пропуст или нивна ароганција – вели Бошков. 

Реклама

Македонските превозници организирани од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Македонија, „Макам-транс“, заедно со своите колеги од Западен Балкан денеска напладне почнаа седумдневни блокади барајќи решавање на електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.