Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Борачот Лука Ананиев кој освои бронзен медал на Европското првенство во борење на прием кај штипскиот градоначалник

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска организираше прием на Лука Ананиев, кој освои бронзен медал на Европското првенство во борење за борачи до 15 години, а што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и Марио Ананиев, Зоран Шоров, како и тренерите и соработниците кои придонесуваат во развојот на младите спортисти. Јорданов му […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска организираше прием на Лука Ананиев, кој освои бронзен медал на Европското првенство во борење за борачи до 15 години, а што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и Марио Ананиев, Зоран Шоров, како и тренерите и соработниците кои придонесуваат во развојот на младите спортисти.

Јорданов му го честиташе големиот успех на Лука Ананиев, кој е стипендист на Општина Штип во рамките на Правилникот за поддршка на успешни ученици спортисти, истакнувајќи дека ваквите млади таленти се иднината на македонското борење и спортот воопшто.

Тој нагласи дека овој значаен резултат претставува гордост не само за Штип, туку и за целата држава, бидејќи успехот на младите спортисти е најдобрата потврда за нивната посветеност, труд и истрајност. Јорданов на средбата рече и дека еден од приоритетите на општина Штип во наредниот период ќе биде понатамошното подобрување на условите во спортската инфраструктура и создавање подобри можности за работа и развој на спортистите, со цел остварување на уште поголеми успеси на домашната и меѓународната сцена.