Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ има добиено легитимитет и мандат од народот да ги штити националните интереси на Македонија

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска истакна дека СДСМ воопшто ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска истакна дека СДСМ воопшто ја нема научено лекцијата и го немаат слушнато гласот на народот.

„СДСМ воопшто се нема разбудено од овие неколку години како да не се наоѓа во Република Македонија и за жал по ова кое го слушам во моментов мислам дека не ја научија лекцијата од она што се случи на изборите и мислам дека уште не го слушнаа гласот на народот и по она што го слушам по изјавите значи дека СДСМ воопшто не се променило и воопшто не планира очигледно да направи некаква консолидација на ставови и слично особено кон македонските национални интереси бидејќи овие ставови кои ги слушам во моментов се истите оние кои беа пред две и пред три години, а денеска можевме посебно во Европскиот Парламент дека сепак она кое го зборуваат нели јазикот, идентитетот беа бетон, видовме дека не се бетон како што велеа тие“, кажа Бојковска.

Бојковска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има добиено легитимитет и мандат од народот да ги штити националните интереси на Македонија.

Реклама

„Факт е дека денес имаме дискусија во која на некој начин се оспорува македонскиот јазик и идентитет, по одредени активности на бугарските пратеници и бугарската влада. Но, можам да констатирам дека ние добивме легитимитет и мандат од народот да ги штитиме националните интереси на Македонија и нема ништо поинаку да направиме од тоа што сме го добиле мандатот“, вели Бојковска.

Бојковска продолжи и додаде:

„СДСМ не убедуваше дека уставните измени се вистински чекор и дека тоа е тоа и дека ќе влеземе во Европската Унија. По сите овие случувања особено овие два дена јас можам да констатирам и лично да кажам дека сега и пред Европската Унија не само билатерална работа која се случува помеѓу Македонија и Бугарија, туку сега и пред Европската Унија особено пред Европскиот Парламент е очигледно дека не се само уставните барања кои доаѓаат од Бугарија, туку се и македонскиот јазик и идентитет“, заклучи Бојковска.