Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Бојковска: Со Ребаланс на Буџетот за 2025 година за прв пат после 7 години не се крати од младите!

Интегрален текст од изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска: „Со Ребаланс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегрален текст од изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска:

„Со Ребаланс на Буџетот за 2025 година за прв пат после 7 години не се крати од младите! Ставаме крај на праксата од минатата власт, кога ребаланс значеше кратење од парите за младите.

Покажуваме дека младите се во постојан фокус на државата!

Реклама

Зборуваме за бројки кои значат практични и реални политики во образованието, спортот, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард.

Буџетот за Секторот млади во Министерството за социјална политика е зголемен за цели 98,3%.

Проектот „Купи куќа за млади“– се враќа на голема врата. Сега, со полесен пристап до сопствен дом за младите брачни парови.

За секој студент се обезбедуваат ваучери од 250 евра за набавка на електронски уред.

Обезбедени се средства во износ од 2 милијарди денари за конечна изградба на зградите на ФИНКИ и ФФК и за комплексот на Мајка Тереза.

Владата забрзано работи на реконструкција на Студентските домови во Скопје – Стив Наумов и К.Ј.П, а најавена е и реконструкција на студентскиот дом и медицинскиот факултет во Штип.

Со Ребалансот издвоени се дополнителни:
• 17% повеќе за реконструкција на ученички домови и
• 32,5% повеќе за енергетска ефикасност во студентски домови во споредба со иницијалниот Буџет за 2025 година.

Предвидени се значајни вложувања и во УКИМ, односно дополнителни 505 милиони денари. Со јасна цел: конечно да го вратиме на Шангајската листа.

Помеѓу приоритетите на буџетот е и образованието.

Ставката „Инфраструктура во образованието“ ја зголемивме за 127,6% Вкупниот буџет за оваа намена изнесува повеќе од 644 милиони денари. Тоа се нови или реконструирани училишта во Македонија.

Се насочуваат средства и кон здрава и активна младина.

Во министерството за спорт ќе се слеат над 383 милиони денари за изградба на сали, игралишта и терени во сите општини и населени места.

Буџетската ставка „спортски програми“ има за 19% повеќе средства, додека пак ставката „спортски објекти“ има дополнителни 15%. Обезбедуваме 42,4% повеќе средства од колку иницијалниот буџет за 2025 година за изградба и опремување на градинки.

Поради тоа што функционалниот Јавен превоз е неопходен дел од животот на младите во секојдневното функционирање, со овој ребаланс се обезбедени средства за набавка на 120 нови автобуси.

Овој ребаланс на Буџетот за 2025 година е најсилниот доказ дека младинските политики се помеѓу главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Вложуваме во младиот човек. Како ученик, како студент, родител, спортист, претприемач, уметник, како и во било која друга улога во која може да се најде. Време е младите да имаат сигурна и предвидлива иднина во Македонија, а државата ќе биде нивен главен партнер!“