Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

 Бојчевски: Одговорен за непотпишување на колективниот договор во здравство лани, е гранковиот синдикат на ССМ

Непотпишувањето на колективниот договор од страна на гранскиот синдикат во здравството е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непотпишувањето на колективниот договор од страна на гранскиот синдикат во здравството е причиниата зошто платите на здравствените работници се на толку ниско ниво. Од независниот синдикат на здравствени работници посочуваат дека иако општиот колективен договор е потпишан минатата година, со кој треба да растат платите во јавниот сектор од март 2025, тоа нема да е можно ако гранските синдикати не ги потпишат поединечно со конкретните ресори.

Бојчевски за платите во  здравството, ја фрла топката кај претседателот на гранскиот синдикат при ССМ, кој како што вели не го потпишал договорот со министерот за здравство.

Со овие плати не може да се преживее. Ланска година репрезентативниот синдикат тоа е ССМ, потпишале општ колективен договор со Владата каде што овие покачувања ќе почнат од 2025.Ако е потпишан тој договор не доаѓа до потпишување на колективните договори на гранковите синдикати, тогашниот и сегашниот претседател на здравство на ССМ не го потпишал со министерот за здравство, вели Бојчевски за Алфа

Реклама

Барањето за потпишување на анексите на колективните договори во јавниот сектор е ставено на маса и од ССМ.  Иако општиот колективен договор беше потпишан лани во јули во Владата, дел од секторите сеуште не го имаат потпишано, што е морално да се случи поединечно по сектор за да добијат покачување.

Од друга страна новата Влада се соочи со огромен дефицит и оштетување на државната каса, па со ребалансот мораше да се најдат пари првенствено за да се покријат штетите и заостанатите плати кои не биле предвидени во буџетот од претходната влада.

Според министерот за здравство,  поради оваа причина до крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници.

Синдикатот од друга страна бара покачување на минималецот на 450 евра. Премиерот Мицкоски се согласува дека повисоки плати се неопходни, но во моментов Владата мора да се однесува одговорно кон Буџетот. Средбата меѓу синдикатите и Владата на која треба да се најде заедничко решение е извесна и се очекува да се случи во следниот период.