Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Бојан Ефтимов кој беше осуден за палење на канцеларијата на претседателот Иванов го организира денешниот протестен марш

Неформалната група „Кој е следен?“ за вечерва во 18:59 има закажано протест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неформалната група „Кој е следен?“ за вечерва во 18:59 има закажано протест на плоштадот во Скопје. Како организатор на настанот во полиција е пријавен 29-годишниот Борјан Ефтимов, кој има историја на насилни инциденти на слични настани.

Во мај 2016 година, Ефтимов бил осуден на три месеци условен затвор за палење и оштетување на канцеларијата на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Според информации од минатото, Борјан скоро еден месец бил во куќен притвор, при што се жалел дека судијата не сакал да го сослуша пред да му биде одреден притвор, бидејќи на тој начин ќе ја признаел вината и немало потреба од притвор.

Реклама

По промената на власта, Борјан добил некаква награда за учеството во шарената револуција. По укинувањето на директните избори за студентски лидер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, тој бил избран за претседател на Универзитетското-студентско собрание со 26 гласа од делегатите.

Во последно време, Борјан, иако завршил факултет, не ја напушта улогата на студентски лидер и организирал иницијатива во која НСС и Студентскиот пленум се обединети во неговата група „Кој е следен?“.