Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Бог се јави, вистина се јави – верниците го слават празникот Водици

Бог се јави- навистина се јави! Православните христијански верници го празнуваат празникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бог се јави- навистина се јави! Православните христијански верници го празнуваат празникот Богојавление.

„Велик си Господе, судни се твоите дела и ниеден збор не ќе биде доволен да ги испее твоите чудеса“– вели г.г. Стефан.

Голем број граѓани се собраа на мостот „Слобода“ за заеднички да го прослават еден од најзначајните христијански празници. За нив, Водици претставува ден исполнет со духовна симболика, а меѓусебно си посакаа здравје, љубов и спокој.

Реклама

„Овој ден е еден од најубавите верски празници во Македонија и да ни е за многу години. Масовно народот излегува да се дружи. Самата симболика на празникот дека Бог се јави и почнува тоа да се применува меѓу граѓаните, ги сплотува и верувам дека ги облагородува. Посакувам така да биде и кај нас. Посакуваме мир, бериќет во куќа и здравје.“– велат граѓаните.

Меѓу над стотината учесници кои скокнаа по светиот крст во главниот град, најсреќен беше дваесет и четири годишниот Дарко Митровиќ. Тој беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – г.г. Стефан, од градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и од повеќе поддржувачи на манифестацијата, кои му посакаа добро здравје и многу успеси.

Одбележувањето на празникот почна во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше архипископот г. г. Стефан.

Празникот Богојавление се празнува уште од вториот век. Според христијанското предание, токму на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Поради чинот на големиот водосвет што го извршува црквата, празникот е познат и под името Водици.

Верувањата велат дека оној што ќе го фати крстот ќе го следи среќа, благослов и бериќет во текот на целата година. Фаќањето на крстот симболизира духовно соединување со Христа, а се смета дека по осветувањето, водите добиваат лековити својства.