Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, денес гостуваше во емисијата „Перспектива“ на телевизија Њузмакс Балканс каде дискутираше за актуелните случувања во државата, при што се осврна и на евроинтеграцискиот пат на Македонија и ја истакна неуморната посветеност и заложбите на Владата за исполнувањето на чекорите од Реформската агенда кои како што вели […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, денес гостуваше во емисијата „Перспектива“ на телевизија Њузмакс Балканс каде дискутираше за актуелните случувања во државата, при што се осврна и на евроинтеграцискиот пат на Македонија и ја истакна неуморната посветеност и заложбите на Владата за исполнувањето на чекорите од Реформската агенда кои како што вели Бојковска, претставуваат доказ за европската интеграција и европската посветеност на нашата земја, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Ние секој пат истакнуваме дека Копенхагенските критериуми се основниот постулат на Европската Унија и цениме дека нашето место во Европската Унија треба да биде согласно Копенхагенските критериуми, а доказ за европската интеграција и европската посветеност на нашата земја е токму исполнетоста на Реформската агенда“, рече Бојковска.

 Бојковска истакна дека иако Македонија бележи успеси на државно ниво кои се забележани и од самата Европска Унија, сепак во Република Македонија, за жал, има политички субјекти кои, како што вели таа, се обидуваат го засенат истото и додаде дека ваквото однесување за неа е поразително, бидејќи очигледно е дека има отсуство на национална гордост. Таа напомена дека со Реформската агенда за нашата држава се предвидени 750 милиони евра средства за до крајот на 2027 година, од кои 250 милиони евра се грант, а целта на Владата е спроведување на реформите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Реклама

,, Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува и како може да се постигнуваат значителни успеси“, кажа Бојковска и додаде:

„Од првиот ден одиме на тоа дека сè ќе направиме за да ги спроведеме реформите во нашите институции и во нашата држава, за да ги добиеме средствата и да можеме да го подобруваме животот на граѓаните. Важно е да се напомене дека Европската Унија не дава средства и не одобрува средства на неспроведени реформи, доколку се спроведат во определен рок којшто ни е зададен во Реформската агенда, веднаш по исполнувањето на чекорите нашата држава добива одобрена транша“.