Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази

Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази. Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека очекува обвинението да биде прифатено во целост.

Во изјава за медиумите Бојчевиќ рече дека признанието на вина, во согласност со Законот за кривичната постапка, треба да биде доброволно, јасно и без присила.

– Денешното признание на вина од страна на обвинетиот воопшто не е признание бидејќи, во согласност со Законот за кривичната постапка, во оваа постапка се знае како се дава такво признание. Треба да биде доброволно, јасно и без присила од никого. Поради тие причини, судијата не го зема предвид целосното признание, ниту го ценеше, и затоа продолживме со изведување докази – рече Бојчевиќ.

Реклама

Додаде дека предметот го води од почетокот, од увидот на самото место и дека обвинението се темели на, како што рече, обемен доказен материјал.

– Јас овој предмет, овој настан и оваа голема трагедија ги водам од почеток, од моментот на увидот. Бев на самото место и за многу краток период собравме навистина многу голем доказен материјал, врз основа на кој се базира обвинението за сите три кривични дела што му се ставаат на товар на обвинетиот – додаде обвинителката.

Нагласи дека го почитува начелото на пресумција на невиност и дека товарот на докажување е на Обвинителството, при што посочи дека во постапката ќе бидат изведени голем број докази. Во однос на наводите изнесени во судница за Мартин Саздов, таа изјави дека и тој е предложен како сведок и дека ќе биде повикан.

– Во однос на Мартин Саздов, и тој е предложен како сведок – појасни Бојчевиќ.

Во врска со денешната одбрана на обвинетиот, обвинителката изјави дека ја гледа како „чиста манипулација во насока да се избегне кривична одговорност“, но како што рече, остава доказите да зборуваат сами за себе.

Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека во други држави не е невообичаено сторители на континуирано семејно насилство да бидат гонети и осудени во случаи кога жртвите извршиле самоубиство додавајќи дека очекува обвинението да биде прифатено во целост.

– Сакам да кажам дека во другите држави не е толку чудно жртви на континуирано семејно насилство, кои се самоубиле, а сторителите, односно нивните интимни партнери или нивните сопрузи, да бидат гонети и осудени конкретно за овие кривични дела. Така што очекуваме во целост да биде прифатено обвинението затоа што во поширока смисла во меѓународното право самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид – изјави адвокатката на оштетените, Неда Чаловска.

Судскиот процес против Стојанче Јовановски се води за трагичниот настан од 2 март годинава кога неговата сопруга Ивана си го одзеде животот скокајќи од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.