Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Свет

Блискиот Исток не мирува ниту за светиот муслимански празник Рамазан Бајрам

Блискиот Исток не мирува ниту за светиот муслимански празник Рамазан Бајрам и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блискиот Исток не мирува ниту за светиот муслимански празник Рамазан Бајрам и персиската Нова година.
Израел утрината го бомбардираше Техеран, а Иран возврати со напади кон Ерусалим и соседните арапски земји.

Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Обединети Арапски Емирати пријавија напади со ракети и беспилотни летала, при што погодена била и кувајтската рафинерија Мина ал-Ахмади.

Оваа рафинерија е погодена по втор пат од почетокот на конфликтот. Таа важи за клучна за економијата на малата заливска земја бидејќи може да обработува 730.000 барели нафта дневно.

Реклама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху изјави дека ќе ги одложи понатамошните напади врз гасните полиња на Иран, на барање на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа изјава предизвика благ пад на цената на нафтата од 1,6 проценти, односно денешната цена за суровата нафта изнесува 106,90 долари за барел.

По гласините дека Израел ги втурнал САД во конфликтот, Нетањаху во своето обраќање на прес-конференција негираше дека неговата влада го втурнала Вашингтон во војна.

„Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Ајде. Претседателот Трамп секогаш ги донесува своите одлуки за тоа што мисли дека е добро за Америка. И можам да додадам дека мислам дека е добро и за идните генерации“, изјави Нетањаху.

Меѓународната агенција за енергија презентираше серија предлози за ублажување на притисокот врз цените на нафтата за потрошувачите, вклучувајќи работа од дома и избегнување авионски патувања.

Предлозите доаѓаат откако агенцијата овој месец се согласи на рекордно ослободување на нафта од стратешките резерви како одговор на последиците од војната меѓу САД и Израел со Иран.

„Неодамна го започнавме најголемото досега ослободување на нафта од резервите за итни случаи на ИЕА. Јас сум во постојан контакт со клучните глобални влади, вклучувајќи ги и големите производители и потрошувачи на енергија, како дел од нашата меѓународна енергетска дипломатија“, изјави Фатих Бирол, извршен директор на ИЕА:

Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме оствари средба со јапонската премиерка Санае Такаичи. На прашање поставено од јапонски новинар зошто САД не ги известиле сојузниците пред да почнат со нападите врз Иран на 28 февруари, Трамп кажа дека така се задржал елементот на изненадување.

„Кој знае подобро за тоа? Зошто вие не ни кажавте за Перл Харбор? Вие верувате во изненадување исто колку и јас“, изјави Доналд Трамп.

Конфликтот предизвика најголемо нарушување на снабдувањето во историјата на глобалниот пазар на нафта, принудувајќи ги производителите околу Заливот колективно да затворат околу 10 милиони барели дневно производство, според Меѓународната агенција за енергија.

Мартин Трајчевски