Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Благодарница од македонските граѓани до болницата во Тирана

Во знак на благодарност за грижата, професионалноста и човечноста, покажани при згрижување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во знак на благодарност за грижата, професионалноста и човечноста, покажани при згрижување на македонски граѓани, вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу и врачи благодарница на Едлира Боде директорка на Универзитетската болница за трауматологија во Тирана.

На средбата, на која присуствуваше и Радмила Стојмировска, прв секретар во амбасадата, Спахиу, во име на македонските граѓани, изрази благодарност за континуираната помош, што оваа Универзитетска болница, им ја дава на македонските граѓани во итни случаи, ценејќи ја професионалноста, хуманоста и непоколебливата посветеност на медицинскиот персонал.

-Средба дополнително го зајакнува духот на соработка меѓу двете земји во областа на здравството и ја демонстрира суштинската улога, што, болницата ја игра во обезбедувањето квалитетна здравствена заштита на секој граѓанин кој има потреба, без разлика на неговото потекло, рече Спахиу.

Реклама

Како што, додаде за МИА, во оваа болница хоспитализирани биле македонски граѓани, по сообраќајни несреќи, како и при неопходна потреба од лекарска помош во оваа установа, во време кога биле на летување.

-Посебно сакам да ја нагласам и одговорноста на директорката и вработените, кои на нивна иницијатива, редовно не информираа за секој случај, текот на лекувањето, како и можноста да ги посетиме и да поразговараме со нашите пациенти, додаде тој.

За настанот, кој е оценет како „посебна чест, поттик за продолжување со ангажираноста во заштита на здравјето на секого и признание за меѓунституционалната соработка“ објави и болницата.

Низ албанските патишта, посебно во летниот период, минатата година регистрирани се најмалку 10 сообраќајки во кои учествувале македонски државјани, во кои едно лице, по здобиените тешки повреди и третирањето во Универзитетската болница за трауматологија во Тирана, за жал починало, додека повеќе се здобиле со потешки и полесни повреди, дел од нив исто така третирани во оваа болница.