Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Бизнисот оставен на цедило два месеци, нови мерки дури во септември

Бизнисот оставен на цедило. Компаниите два месеци ќе кубурат со пари затоа…

Сподели:

Бизнисот оставен на цедило. Компаниите два месеци ќе кубурат со пари затоа што нов пакет мерки можат да очекуваат дури во септември по формирање на новата влада – потврди Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска. Таа вели дека во моменталната ситуација додека траат преговори за коалициска Влада не може ништо да се стори за помош на бизнисот. Сепак тековно се разговарало со стопанските комори за следните мерки за поддршка. Во 4-тиот пакет мерки, фирмите очекуваат продолжување на помошта за исплата на 14.500 денари по вработен, додека платежни картички од 3 и 9 илјади денари треба да има и за пасивните невработени и пензионерите со примања до 15 илјади денари.

Меѓу компаниите кои бараат помош има и такви што не ги исплатиле добиените пари. Управата за јавни приходи открила милионски злоупотреби со државната помош. Газди земале пари за исплата на 14.500 денари по работник, но не им дале ниту еден денар на вработените. 708 фирми во април и мај добиле, но не префрлиле над 385 илјади евра на сметките на работниците. На овој начин, оштетени биле 1.706 работници кои не примиле плата. Од нив, 722 не добиле плата во април, а 984 во мај. Најголем дел од компаниите кои ги вршеле злоупотребите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна и транспорт. Меѓу компаниите кои ја злоупотребиле државната помош има и еден медиум. Најголем дел од овие фирми се од Скопје, Ттеово, Гостивар, Струга и Куманово. УЈП веќе ги опоменала фирмикте да ја исплатат платата во определените рокови, во спротивно ќе следи присилна наплатаи глоби, како и јавно објавување на имињата на компаниите.

УЈП дополнително ќе ги соопшти податоците за злоупотребите со јунската плата. Рокот за исплата на плата истече на 15-ти јули. За да задржат 101 илјада луѓе на работа, помош за исплата на плата земаа речиси 18 илјади фирми. Владата не предвиде помош од 14.500 денари по работник за платата за јули и август.

Реклама

Тања Попова