Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Бизнис-конфедерација на Северна Македонија со делегација учествуваше на Smart City Summit & Expo“во Тајпеј

Бизнис-конфедерација на Северна Македонија оствари средби и договори идна соработка со водечки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнис-конфедерација на Северна Македонија оствари средби и договори идна соработка со водечки тајвански компании и организации за време на меѓународниот саем Smart City Summit & Expo 2026, посветен на развој на паметните градови, дигиталните технологии и одржливиот развој, кој се одржа во Тајпеј од 17 до 20 март 2026 година, се наведува во соопштението од БКСМ.

Учеството на БКСМ на овој престижен меѓународен настан беше насочено кон промоција на потенцијалите на македонската деловна заедница, воспоставување нови деловни контакти и отворање можности за соработка во области од стратешко значење, како што се дигиталната трансформација, паметните индустриски решенија, зелената енергија, здравствените технологии и одржливиот урбан развој.

Во текот на четиридневната програма, делегацијата на БКСМ оствари деловни средби со повеќе значајни тајвански компании и организации, меѓу кои Taiwan Green Industry Alliance, National Development Council, Taiwan Geothermal Association, Hamastar Technology, CIECA, Gogolook, Foxconn, Singular Wing, Excellence Collection и IISI – International Integrated Systems Inc. Средбите беа реализирани и во рамки на matchmaking и networking активностите што ги предвидува официјалната програма на настанот.

Реклама

Состанокот со здружението CIECA (China International Exhibition & Convention Association), ги постави основите за идна соработка и беа отворени разговори за формализирање на партнерството преку потпишување Меморандум за разбирање до крајот на 2026 година. Оваа соработка ќе придонесе и кон организирање на бизнис форуми во Македонија и Тајван во 2027 година, и има потенцијал да придонесе за поголема меѓународна видливост на македонските компании, како и за нивно поактивно вклучување на глобалниот пазар низ саемски и деловни платформи, вклучително и на тајванскиот пазар.

Компанијата Foxconn, го привлече интересот во областа на медицинските технологии за мониторинг на здравјето на граѓаните и работниците, системите базирани на вештачка интелигенција за откривање измами и сомнителни трансакции во реално време, како и решенијата за предвидување сообраќајни инциденти и производствени несреќи.

Singular Wing, компанија која развива напредни автономни системи за следење на индивидуалното и колективното здравје. За време на разговорите, делегацијата доби подетален увид во функционалностите на нивните решенија, а беа разгледани и можности за нивна примена во Македонија, особено во сферата на заштитата и здравјето при работа, работната средина и јавното здравје.

Учеството на БКСМ на Smart City Summit & Expo 2026 го потврди значајниот потенцијал за унапредување на тајванско-македонската соработка во областа на дигиталните технологии, зелената транзиција, геотермалната енергија, IoT решенијата и модернизацијата на јавните услуги. Тајван, како еден од глобалните лидери во технолошкиот развој, претставува релевантен партнер за размена на знаења, искуства и конкретни решенија што можат да придонесат кон зголемена конкурентност и одржлив развој на македонската економија.

Во насока на зголемено присуство на македонски производи и услуги на Тајванскоит пазар, БКСМ ќе организира презентации, B2B средби и тематски работни состаноци со цел продлабочување на соработката со тајванските партнери и претворање на воспоставените контакти во конкретни иницијативи.