Во Амфитеатарот на Градежниот факултет – Скопје, УКИМ, во организација на Факултетот, денеска за првпат ќе се одржи „Бизнис ден 2026“ – насловен како „Од Амфитеатар до реализација – од студент до менаџер“.
На настанот, како што најавуваат организаторите, успешни инженери, менаџери и алумни на Факултетот ќе го споделат своето работно искуство од областа на градежништвото со своите млади колеги.
