Реклама

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Македонија

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

Свештената бигорска Обител и годинава традиционално ќе го одбележи 2 Август –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свештената бигорска Обител и годинава традиционално ќе го одбележи 2 Август – Денот на двата Илиндена, со литургија во село Лазарополе и со доксологија – молитва за татковината во Бигорскиот манастир. 
 
-На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 123-годишнината од херојското Илинденско востание, централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која почнува во 9 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, информираа од Обителта. 

Исто така, денеска ќе се одржи и доксологија – молитва за татковината. 
 
– Свечениот чин на доксологија – молитва за татковината и за покој на паднатите за слободата ќе се одржи во 13 часот,  во соборниот храм на Свештената бигорска Обител. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир. 
 
Инаку, како што за галичани важи „каде и да си, за Петровден во Галичник да си“ за лазорополчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем број поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чиишто предци потекнуваат токму од ова село, од каде се доселиле во Дебар.