Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

„Безбеден град“: За еден ден преполовени сообраќајните прекршоци

За еден ден се преполовија прекршоците во системот „Безбеден град“. По огромниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За еден ден се преполовија прекршоците во системот „Безбеден град“. По огромниот број предупредувања кои стигнаа преку пораки и на мејл, Скопјани станаа повнимателни. Системот на 1 декември  регистрирал 110 илјади прекршоци, а по 24 часа , бројката  падна на 50 652.

Од МВР информираа дека веќе се иднетификувани сообраќајните точки во градот каде што се направени најголем број на прекршоци. Најбзро се возело на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, додека најмногу на црвено се поминувала на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“.Најголемата регистрирана брзина во тест-периодот изнесувала 209, додека најмалата брзина за која е регистрирана казна е 51 километри на час.

„Во текот на вчерашниот ден за само 12 часа се регистрирани 22 600 прекршоци, од кои речиси 95 отсто односно 21 400 се за пречекорување на брзината. Во периодот од полноќ до пладне има евидентирано најмногу прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина на излезот од Скопје кон Тетово, каде се регистрирани 4 300 прекршоци, како и на булеварот „ Никола Карев“, каде се регистрирани 3 000“, велат од МВР.

Реклама

Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека од вкупниот број прекршоци, убедливо доминираат казните за брзо возење и поминување на црвено, а биле фатени и возачи со нерегистрирани возила.

Инаку, од 1 декември почна пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци кој ќе трае еден месец, односно до 1 јануари 2026 година. До Нова година возачите ќе добиваат само предупредување, односно известување за сторен прекршок, без изрекување казни, а од јануари идната година системот ќе почне целосно да се применува.  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека никој нема да биде поштеден од казните што ќе ги евидентираат камерите . Во овој тест-период се опфатени Скопје, Тетово и Куманово како градови, како и коридорите 8 и 10.