Реклама
Македонија

Без вода дел од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Мара Междуречка“ во Бутел

Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата Христијан Тодоровски Карпош бр.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата Христијан Тодоровски Карпош бр. 46 во населбата Бутел, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од жителите во ова подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Без вода ќе останат корисниците од дел од улиците Христијан Тодоровски Карпош и Мара Междуречка.

Како што информираат надлежните служби, водоснабдувањето е прекинато од 10:00 часот и ќе трае сè до целосно санирање на дефектот.