Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Без награди за заслуги од корона кризата, а со поголеми трошоци – матичните лекари лути на државата

Матичните лекари лути на власта. И покрај целокупната посветеност во справување со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Матичните лекари лути на власта. И покрај целокупната посветеност во справување со корона кризата, на крај останаа извисени. Државата ниту ги спомна ниту ги планира за најавените награди во здравството. Револтирани се од игнорантскиот однос на надлежните – велат четири месеци биле во првите борбени редови, како прв контакт на сите заразени пациенти. За одлуката на Владата иницијатива поднеле до Уставниот суд. Децидни се – награда ќе има или за сите или за никој.

„Не може некој постојано да не игнорира и да не множи со нула во здравствениот систем. И ние сме дел од ова јавно здравство. Секој матичен доктор во овој момент има пациенти што имаат проблеми со ковид. Се тестираа преку Мој термин, се правеа анкети, се што требаше сите правила и протоколи се испочитувавме. Бевме достапни, само ние, од сабајле од 7 до 24 часот. Контакти со нашите пациенти со оние кои беа дома во самоизолација. Максимално се сложивме во целокупниот процес и не може Министерството за здравство или Владата да има ваков игнорантски однос“, вели претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова.

Награди за матичните нема, ама државата не пропушти прилика да им воведе дополнителни трошоци. Од август, Фондот им наложил да се набават електронски печат, што ќе ги чини и до 3000 евра годишно. Срамота е велат, ем најмногу работат, ем најмногу плаќаат.

Реклама

„Имаме ние Мој Термин кој што има одлични бази на податоци. Цените од прилика се движат, за 100 рецепти 450 денари. За 1000 рецепти е 4500 денари, а ние досега имаме издадено 20.000 рецепти“, вели Чолакова Дервишова.

Од Фондот за здравство пак појаснуваат оти се работело за т.н токен, алатка која веќе ја имаат матичните доктори и која мора да ја користат како дигитален сертификат при издавање на електронските рецепти.

Во Македонија има околу 1600 матични доктори – дел од нив, оние во Дебар, беа вклучени дури и во скринингот на населението.

Биљана Божиновска