Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Бетонските столбови кај Т.Ц “Мавровка” и понатаму стојат

Рокот истече бетонските столбови стојат. Сопственикот на објектот пред Трговскиот центар Мавровка…

Сподели:

Рокот истече бетонските столбови стојат. Сопственикот на објектот пред Трговскиот центар Мавровка не си го сруши сам во законски предвидениот рок од 8 дена. Обврската за рушење сега преминува во рацете на Oпштина Чаир. Од таму за Алфа информираат дека веќе ја започнале постапката за избор на фирма која ќе треба да го урне.
Сепак дивоградбата ќе остане пред “Мавровка” уште најмалку еден месец, толку време ќе и треба на Oпштината да излезе на терен со механизација и да ја срамни со земја.

Уште едно прашање остана не одговорено , кој инвеститор се дрзна незаконски да гради пред Мавровка ? Минатата недела Општина Чаир преку весници ја почна потрагата по “непознатото лице” иако пред трговскиот центар се гради уште од почетокот на јули.
Кој градел бара и полицијата, но засега без резултат . За утврдување кривична одговорност скопското обвинителство отвори предистрага против непознат сторител. Во координација со МВР се прибираат докази за да се утврди идентитетот на инвеститорот.

Адријана Алексиеска

Реклама