Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Бетонот од пластика: Македонците повторно станаа СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ за странците, сега за ММФ

Бетонот за индентитетот изгледа како да бил од пластика. Повторно станавме Северномакедонци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бетонот за индентитетот изгледа како да бил од пластика. Повторно станавме Северномакедонци – сега во официјален извештај на угледниот Меѓународен монетарен фонд. Во својот последен извешатј, објавен во петокот, ММФ случајно или намерно, во еден од параграфите го користи терминот „сееврно-македонци„.

-Неодамнешниот Попис на населението на Северна Македонија во 2021 година им овозможи на Севернoмакедонци кои живеат во странство повеќе од една година да се регистрираат за Пописот, се вели во извештајот на ММФ.

Во врска со овој, најнов инцидент, нема реакција ниту од МНР, ниту пак од надлежното министерство за финансии, ниту пак од Народната банка. Проблемот е што ова не е прв пат некој од Меѓународниот монетарен фонд да ја користи  северната идентитетска етикета. Пред повеќе од една година, терминот севеномакеднски го користеше и Бугарката Кристалина Георгиева, една од директорите во ММФ. Најстрашно е што тогаш нејзиниот твит, го сподели довчерашниот премиер Димитар Ковачевски.

Реклама

-Одлична средба денеска со северномакедонскиот премиер Димитар Ковачевски, напиша таа.

Ниту другите функционери немаат проблем да бидат северномакедонски, на пример како Артан Груби, кога по средбата, синот на Џорџ Сорос, Александар Сорос, напиша дека оствари средба со македонскиот вицепремиер.

-Одлично што повторно се сретнав со мојот добар пријател С. македонскиот вицепремиер Артан Груби, напиша младиот Сорос.

Иако ветуваа спротивно, користењето на кованицата севрномакенци кои говорат северномакедонски јазик станува се почеста.

-Северномакедонци, ни порача Габриел Ескобар

-Северномакедонци, ни порача Макрон

-Северномакедонско, ни порача Макрон

-Северномакедонци, ни порача Лорд Џорџ Питерсон

-Дали има посебна северномакедонска нација? гласеше прашање до Османи.

-Длабоко сум убедена дека Северномакедонците конечно ќе се обединат, ни порача Урсула Фон Дер Лајен.

Покрај светските политички лидери, често северномакедонска етикета добиваме и од соседите, најчесто од Бугарија, па така македонските политички партии станаа северномакедонски за поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.

Прашавме и во МНР и во Министерството за финансии дали ќе реагираат за северномакедонската етикета од страна на ММФ, но одговор се уште нема.

Матеја Петровски