Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Бељули: Граѓаните треба да бидат убедени во транспарентноста при селекција на лицата за обуки

„Ние во Агенцијата за вработување се подготвувавме интензивно за реализација на овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние во Агенцијата за вработување се подготвувавме интензивно за реализација на овој Оперативен план и активните мерки за вработување. Подготвени се сите материјали потребни документи за тоа, подготвен е и софтверот на Агенцијата, каде што ќе има можност сите, и на локално ново кај во Центрите за вработување, и на централно ниво да се следат сите активности кои што ќе се одвиваат“, рече директорот на Агенција за вработување на Македонија, Сељатин Бељули.

Јавните повици ќе се објават со еден план и роковник којшто ќе го определиме и дефинираме. Но, чекаме решение од страна на Комисија за заштита од конкуренција, каде што они како таква Комисија имаат надлежност да донесат решение. Дали можеби некоја од активните мерки се судрува со Закон за заштита од конкуренција. И само тогаш кога ќе се добие тоа решение, ние можеме да отпочнеме со реализација на активностите“, информираше директорот.

„Индикаторите лесно е да ги дефинираме, бидејќи самиот Оперативен план, ги дефинира тие индикатори. На пример, јас ќе спомнам некое главниот индикатор, би бил вработување на 3.500-4.000 лица невработени лица. Потоа, вклучувањето на минимум 40 отсто од младите во овој Оперативен план од 16.000 лица. Индикатор имаме на пример вклучување, и еднаквиот третман на половите, каде минимум 50% од овој План, да биде од женски пол. Имаме индикатор, кој вели дека треба да опфатиме 5 отсто од општиот број на лицата кои ќе ги опфатиме со овој План, 5 отсто да бидат од ромската етничка припадност. Другите индикатори во секоја активна мерка одделно, каде е дефинирано и вклучувањето кај самовработувањето, таргетот да е 1.703 лица да отворат свои бизниси преку гранд. Кој ќе го поддржиме. Невработените лица и секоја активна мерка го има овој дел. Овие ќе бидат индикатори кои ќе ги следиме и ќе се трудиме да ги реализираме до крај“, изјави тој.

Реклама

Тој напомена дека граѓаните и невработените лица, работодавачите и сите партнери коишто учествуваат во реализација на Оперативниот план, да бидат уверени во транспарентноста на процесот.

„Секоја активна мерка пред реализацијата ќе биде објавен, каде што имаат право да учествуваат сите невработени лица или други заинтересирани, засегнати страни, вели Бељули.