Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Беким Незири и неговата група „тешко казнети“ – останаа без пасоши

Нападот и тупаниците во радарската кула на аеродромот додека повеќе десетици  авиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нападот и тупаниците во радарската кула на аеродромот додека повеќе десетици  авиони го прелетувале македонското небо ја загрозиле безбедноста на авионскиот сообраќај, но осомничената банда не е во притвор, туку судот им ги одзема пасошите.

Обвинителството се жали на одлуката на судијата, Пајазит Пајазити, заменик претседателот на Кривичниот суд и по вторпат побара притвор за групата осомничени. Меѓу нив, е и претседателот на чаирскиот огранок од ДУИ Беким Незири на кој заедно со седумината им се заканува затворска казна од најмалку 5 години. Иако запретената затворска казна е висока и со инцидентот го загрозиле целиот авио собраќај во државата, сепак за судијата на претходна постапка Пајазити доволно е на групата напаѓачи да им се одземат пасошите.

Реклама

Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот. Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, стои во соопштението на ОЈО.


Наќе Чулев, пак, од ВМРО ДПМНЕ информира дека за време на инцидентот прелетувале 40 авиони над македонското небо, а два од нив кружеле бидејќи не можеле да добијат команда за слетување, а еден од контролорите бил удрен одпозади при што паднал врз апаратурата за давање насоки.

Во меѓувреме по останатите четворица по кои полицијата трага распишани се национални потерници, а медумите објавуваат дека еден од нив се дал во бегство надвор од државата. Неофицијално, еден од пребеганите е Омер Буњаку близок човек до вицепремиерот Артан груби и предводник на навивачката група Шверцери, а меѓу избеганите е и Ерсен Сали. МВР иако има редовна пракса осомничените да ги пишува со иницијали, овојпат ги сокри од јавноста.

Заменик претседателот на Кривичниот суд Пајазити има рок од 3 дена да одлучи по жалбата на обвинителство кое бара притвор.

На првиот работен ден по празниците, финансиските инспектори ќе влезат во македонска навигација за да го испитуваат целокупното финансиско работење, работата на менаџментот, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните

Пред два дена, функционерот на ДУИ кој е вработен во институцијата и уште неколку други лица упаднаа во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром веднаш  по прес-конференцијата на синдикатот на М-НАВ, на која порачаа дека нема да прифатат партиски вработувања.

За притисоците и незаконските вработувања во М-НАВ, синдикатот реагираше подолго време, но овојпат контролорите додека даваа насоки за летови се соочија со насилна  банда предводена од нивни колега.