Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Балансерот дефинитивно заминува во историјата – новиот министер за администрација најaвува и други реформи

Балансерот заминува во историјата. Неговото укинување го најави минстерот за јавна администрација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балансерот заминува во историјата. Неговото укинување го најави минстерот за јавна администрација Горан Минчев. Одлуката доаѓа зашто се докажало дека во минатато дигиталната алатка била предмет на злоупотреба во повеќе институции, односно луѓе кои припаѓаат на една етничка заедница биле запишувани како припадници на друга.

Конкретно во новото министерство за јавна администрација кое презеде дел од вработените од претходното Министеството за информатичко општество и јавна администрација имало дури 43 отсто од етнички заедници, и тоа е предмет на ревизија.

Укажувам дека сите добри решенија кои веќе се дел од законите ќе останат, но сметам дека е потребно уште еднаш низ еден транспарентен и консултативен процес да донесеме одржливи закони. Закони кои нема да бидат само „шминка и декор“ туку ќе бидат системски и прилагодени за да одговорат на новите предизвици и можности за да имаме професионална, департизирана и мотивирана јавна администрација, секако почитувајќи ги стандардите и принципите на СИГМА, рече Минчев во обраќањето до медиумите.

Реклама

Министерот Минчев кажа дека преку новото Министерство ќе бидат повлечени и три закони од таканаречениот пакет за реформи во јавната администрација кои се веќе во Собрание на предлог на претходната Влада.

Мининистерството ги повлекува на доработка законот за административни службеници, законот за вработени во јавниот сектор и законот за стругчно усовршување и обука на административни службеници кои преку широка дебата  со сите засегнати страни ќе бидат унапредени за да бидат во корист на сите па ќе се вратат во Собранието. Токму овие законски решенија во минатото беа причина синдикатите и да излезат на протести затоа што ако се донесат во оваа форма ќе се спречи усогласување на платите со раст на минималецот

Јас имав неколку средби со синдикатите и како што напоменавте, тоа е клучно прашање што нив ги интересира, дека практично актуелното покачување од 15 проценти на платите не е доволно за нив и де факто тоа е еден од клучните проблеми. Исто така, имав неколку разговори и тоа го отворив и на Влада. Состојбата во Буџетот во овој момент е катастрофална. Затоа, отвораме една дебата во која што би сакале да дојдеме до едно компромисно решение. Во овој момент немаме пресек во каква состојба и каква кондиција е Буџетот за да разговараме за тие клучни прашања, односно конкретно за процентот на висината на зголемувањето на платите така што, разговаравме за повеќе решенија, но во овој момент тоа ќе го оставиме за дебатата што ја планираме. Всушност тоа е една од повеќето причини поради кои ги повлекуваме трите законски решенија за администрацијата. Но, не би можел со сигурност да ви кажам сега каков ќе биде исходот на тие преговори, истакна министерот.

Новиот министер најави разционализација на работењето во јавната администрација  и на вработувањата што е постојано причина за забелешка од ЕУ. Со систематизација ќе се намалува праксата за превработеност, односно ќе се ограничи бројот на нови вработувања и  нови договори.

https://www.youtube.com/watch?v=YMMzQXwJC3s