Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Бакиу: ВРЕДИ е втората политичка сила во Македонија, ова е момент за повлекување на Ахмети

Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои одиме во втор круг, политички победник на овие избори е коалицијата ВРЕДИ и ние сме втората политичка сила во Македонија,  изјави Башким Бакиу од ВРЕДИ попладнево на прес-конференција на која присуствуваа лидерите на четирите политички субјекти во оваа коалиција. 

Како што рече, „ВРЕДИ е победник во пет општини во првиот круг, во шест оди во втор круг и сме победници за градоначалник и за советници во трка за градот Скопје“.

– Убедливо победивме уште во првиот круг во Чаир, Арачиново, Сарај, Желино, Теарце, додека како победници одиме во втор круг во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Долнени, а во Брвеница ќе бидеме во трка како втори. За жал, во општините Гостивар и Врапчиште не е постигнат потребниот цензус според одредбите на Изборниот законик, па за епилогот од процесот во овие две општини ќе се изјасни Државната изборна комисија, рече Бакиу кој на изборите вчера беше и кандидат за градоначалник на Скопје од ВРЕДИ. 

Реклама

Посочи дека нивниот опонент, Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ, победила во Пласница и Липково, а оди во втор круг во Струга, Кичево и Боговиње.  Во Општина Чашка, рече, ВРЕДИ воопшто не учествуваше.

-Трката таму се водеше под логото на НАИ, таму немавме свој кандидат и листа за да не ја загрозиме победата на кандидатот Албанец. Му честитаме на господинот Суад Шаќири и на Албанците во овој регион, рече Бакиу.

Тој им порача на опонентите од ДУИ дека треба да се реформираат, а лидерот Али Ахмети да се повлече од лидерската позиција. Ги потсети и дека треба да го признаат изборниот пораз. 

-Бидејќи нашите политички противници изјавија дека критериум за проценка на победникот ќе биде победникот во Чаир,  со победата на Изет Меџити, но и со големата предност од околу 4000 гласови во Тетово, ВРЕДИ е апсолутен победник на овие избори. Граѓаните докажаа дека ги прифатиле политиките на ВРЕДИ и нашата изборна понуда. Ја делегитимиравме фрустрираната и навредливата политика на нашите противници. Ова е причина и албанската опозиција да се реформира, а господинот Ахмети да го фати моментот за повлекување. Сакаме да ги потсетиме раководителите на НАИ дека изборниот молк заврши во сабота, би било добро да излезат и да го признаат изборниот пораз, порача Бакиу. 

Оценката на ВРЕДИ за изборите вчера е дека поминале во фер и демократска атмосфера, во која секој граѓанин, рече тој, слободно можеше да ја изрази својата политилка волја. 

-Тоа е заслуга на Државната изборна комисија, организатор на изборите, но и на безбедносните органи и на оваа владина гарнитура, кои обезбедија изборниот процес да помине без ниту еден инцидент, можеби единствен случај на ваква организација во нашата земја. Ова зборува за демократската зрелост на државата и на граѓаните, за што сакаме посебно да им честитаме и заблагодариме, додаде претставникот на ВРЕДИ.