Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Бадникова прослава во Соборниот храм – апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето

Со желби за здравје, среќа и мир во светот православните христијански верници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со желби за здравје, среќа и мир во светот православните христијански верници го слават Бадник – денот пред Христовото рождество. Скопскиот соборен храм го наполнија стотици граѓани да си земат бадникарски гранчиња за бадниковата трпеза. А граѓаните празникот ќе го поминат во кругот на семејството во домашна атмосфера, со богата трпеза, лепче со паричка кое ќе се крши пред почетокот на вечерата и се верува дека на тој што ќе му се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година.

 „Ова е еден од најголемите христијански празници. И мислам дека сите со слава на бога го славиме. Ова е нешто најубаво. Голем празник христијански. Сакајте се, бидете сакани затоа што бог е љубов, бог е светлина.“- велат граѓаните.

Бадниковата химна, осветувањето на бадниковите гранчиња и лебчето и оваа година го одбележаа овој голем празник во Соборниот храм. Не изостана ниту традиционалното доаѓање на пајтонот со кумовите и здравичарот со музика и топла ракија. На новиот кум и здравичар им посакаа среќна и бериќетна година, а на граѓаните мир и здравје во своите домови.

Реклама

„На ова место се јавивме. Така и оваа година ви посакувам многу здравје, среќа и бериќет. Да ги почитувате своите најблиски.“ – вели кумот за 2025 година, Раде Макеларски.

„Но спомените ми остануваат вечни. Така да сето ова наше дружење, цела година ќе остави длабока трага во моето сеќавање.“– вели здравичарот за 2025 година, Атанас Петров.

Бадниковиот ќуп со гранчиња од стариот беше предаден на новиот кум кој со него замина дома.

„Како овогодишен кум имам обврска заедно со моите претходници и наследници во годините што следат да бидеме чувари на оваа традиција и на скопскиот градски дух.“– вели кумот за 2026 година, Зоран Контратенко.

„Убаво е да се видат вакви убави лица каде што човек ќе посака да запее и да ви внесе мир во душите, а преку зборовите да ви дарува здравје и разбирање.“– вели здравичарот за 2026 година, Јаков Дренковски.

Градоначалникот на град Скопје, заедно со градоначалникот на Општина Центар и Сопиште, ја изразија својата верба и поддршка. На граѓаните им испратија топли честитки за празникот како и пораки за мир, слога и сплотеност.

„Да ви посакам на сите радост, здравје, среќа и мир во вашите домови. Ова се празници кои што од една страна не доближуваат до бога, а од друга страна ни даваат можност да се обединиме како народ, а тоа ни недостасува.“ -порача градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Дабовите гранчиња нека ни донесат здравје, среќа и бериќет во секој дом, а на Бадник и Божиќ да подадеме рака на сите на кои им е потребна помош.“ – порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

По завршувањето на церемонијата и свеченото примопредавање на бадникарскиот ќуп и икона, новиот кум и здравичар со пајтон го напуштија храмот „Свети Климент Охридски“ и се упатија кон своите домови поздравени од скопјани.