Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Азески: Кичево е потенцијална локација за мултимодален транспортен јазол

Положбата на Кичево, како крајна точка на железничката линија во западниот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Положбата на Кичево, како крајна точка на железничката линија во западниот дел на земјата, дава можност да се развие мултимодален транспортен јазол и да служи како транзитен центар за понатамошен, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на седницата на Регионалната комора со седиште во Кичево, што се одржа денеска кичевското село Добреноец.

Азески нагласи дека сегашната состојба и соработка со Владата е историски најповолна и дека тоа мора да се искористи за развој на бизнисите.

Во обраќањето пред стопанствениците од југозападниот и пелагонискиот регион ја претстави идејата за развивање на мултимодален транспортен јазол кој, како што рече, ќе служи како транзитен центар и на тој начин товарот што доаѓа со железница би можел да се пренесе со камиони за понатамошен транспорт кон албанската страна или пристаништето Драч.

Реклама

– Овој концепт е стратегиски насочен кон намалување на трошоците, зголемување на логистичкиот капацитет и намалување на загадувањето со користење на железницата за поголем дел од транспортниот товар и овозможува лесно префрлање од еден во друг начин на транспорт. Концептот на меѓународен мултимодален транспорт се однесува на транспорт „од врата на врата“, со еден транспортен оператор и се применува во Европската унија, рече Азески.

Тој посочи дека во Европа функционираат повеќе од 600 вакви мултимодални транспортни објекти, што ги поврзуваат потрошувачите и производителите на одржлив начин.

Азески кажа дека поддршка за оваа идеја има и од државата, но за да се реализира, ваква идеја потребно е да се изготви соодветен проект со точно дефинирање на изворите на средствата за финансирање и како можност тоа да биде по основ на јавно-приватно партнерство.

Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски на седницата се осврна на важноста од развојот на бизнисите во регионот, а тој како претставник на локалната самоуправа започнал со создавање поволна клима за стопанството во овој регион.

– Имаме барање за експресен пат за Битола кој ќе нè поврзе со грчка граница, така што се надевам дека Кичево ќе биде крстосница и предност за развој на бизнисот. Испратив и барање до директорот на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), да ни се додели парцела на којашто ние ќе може да развиеме простор за малите стопанственици, рече градоначалникот Јованоски.

Овие парцели би ги користеле кичевските стопанственици, односно за услужни, производствени фирми кои би делувале во таканаречена мала развојна зона.

На седницата присуствуваа и претставници на стопанството и раководствата на регионалните комори со седиште во Битола, Охрид и Прилеп.

По презентацијата на новата идеја, учениците разговараа и за актуелните економски состојби во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа.