Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Азески: Големите проблеми за бизнисот допрва почнуваат

Допрва почнуваат големите проблеми на бизнисот – предупредува првиот човек на Стопанската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Допрва почнуваат големите проблеми на бизнисот – предупредува првиот човек на Стопанската Комора на Македонија Бранко Азески. Според него, потешкотиите со ликвидноста ќе се интензивираат кон средината на мај, а драстичен пад на извозот веќе од јуни. Компаниите кои ја контактираат комората секојдневно се жалеле на бројни проблеми. Азески очекува Владата точно да каже колку пари ќе се потрошат, во кои рокови и кои дејности ќе се поддржат.

„Овој месец нарачките се сведени на минимум, што значи дека третиот квартал може да биде катастрофално лош. Според наши сознанија, на почетокот на јуни ќе има проблеми металопреработувачката индустрија, а од јули и останатите гранки. Се најавуваат и проблеми при увозот, со оглед на актуелната ситуација и кај добавувачите“ – вели Азески.

Според анкетата на Сојузот на стопански комори, пак, бизнисите трпат огромни штети уште од март. Дури половина од фирмите се изјасниле дека загубите од работењето минатиот месец им биле меѓу 80 и 100%. На 40% од компаниите обемот на работа им бил намален за повеќе од 80%, а 15% од фирмите веќе поделиле откази. Од комората велат дека ако состојбата не се смени и нема соодветни економски мерки, скоро половина од бизнисите ќе го намалат бројот на вработени.

Реклама

„Најголем дел од претпријатијата, односно 86%, сметаат дека економските мерки кои ги донесе Владата не се во согласност со потребите на стопанството и нема да ја исполнат целта да се преброди состојбата, додека само 14% од компаниите сметаат дека мерките се во согласност со нивните потреби. Вкупно 65% од претпријатијата одговориле дека се уште немаат аплицирано за дел од понудените економски мерки за справување со кризата донесени од Владата, 19% аплицирале, а 16% воопшто не планираат да ги користат економските мерки“ – вели Благоја Грозданов од Сојузот на стопански комори.

Критики стигнаа и од Стопанската комора на северозападна Македонија. На најавите дека ќе почнат да се пишуваат казни за неносење маски и ракавици, нивните членки реагираат дека одговорни за однесувањето и дисциплината на луѓето треба да бидат органите на редот, а не бизнисите, односно директорите. Владината Уредба со законска сила предвидува глоба од 2.000 евра за компаниите и 500 евра за одговорното лице на деловниот простоp, ако му дозволат влез на потрошувачот без заштитна опрема во нивните објекти.

Тања Попова