Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

Автопатот Кичево–Охрид влегува во најтешката фаза, и покрај сите градежни предизвици Владата е решена целосно да го заврши

Ако треба цели брда ќе се поместат, но Владата нема да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако треба цели брда ќе се поместат, но Владата нема да се откаже и има намера целосно да го догради автопатот Кичево-Охрид, проект кој престатвува можеби најтешкиот градежен потфат во поновата македонска историја. Во моментов дури се изведуваат уникатни и сложени инженерски и градежни зафати, кои за прв пат се користат, не само во Македонија туку и во регионот. Фокусот е на зацврстување на стрмните косини и спречување на свлечишта, со цел автопатот да биде стабилен и безбеден. Иако теренот е исклучително сложен, експертите уверуваат дека изградбата на оваа делница се одвива според планот. Според професорот од градешниот факултет, Милоард Јовановски, станува збор за технички многу сложен зафат, но со примената на современи инженерски решенија, можно е тие да се надминат.

На автопатот Кичево – Охрид подолг период се гради, но интензивирани се сите напори да се заврши тој автопат…и во моментот се работи на завршна подготовка на техничка документација, а веќе има и интензивна изведба, се надминуваат сите технички аспекти и проблеми и се надевам дека ќе се запазат роковите, со одередно мало пролонгирањевели Милорад Јовановски, професор на градежниот факултет.

Изградбата на автопатот Кичево–Охрид влегува во најтешката фаза. Иако дел од трасата веќе е пуштен во сообраќај, работите сега се одвиваат на најкомплицираниот дел од теренот. Според професорот Јовановски, делницата е исклучително сложена и од морфолошки и од геолошки аспект затоа што патот минува низ планински и нестабилен терен.

Реклама

Иако знаете, веќе еден дел од автопатот е во функција, сега се работи поинтензивно на другиот дел, каде што е потежок и морфолшки и геолошки, реално објектот е тежок за изведба, кога велам објект не мислам на одредени мостови, туку општо за цела делница, и ако се оди според планот ќе се заврши во предвидениот рокизјави професорот.

Автопатот, чија изградба започна уште во 2014 година, по цели десет години чекање и пролонгирања, конечно почна да се реализира на терен. Првично предвидената инвестиција од 374 милиони евра со текот на годините порасна на дури 598 милиони евра, без притоа автопатот да биде завршен или значително функционален.

Сепак, во изминативе 18 месеци, по деблокирањето на процесите и поинтензивната работа на терен, состојбата значително се промени. Владат е решена што побрзо да го заврши овој проект кој е од клучно знаечење, како за држвата, така и за соседните земји.