Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер.

Како што информира министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по предвидениот официјален пречек Муцунски и Мајнл-Рајсингер ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе следува и билатерална средба помеѓу двете делегации. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, реафирмирање на австриската поддршка на македонската интеграција во Европската Унија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.

Најавена е и заедничка прес-конференција на министрите по средбите.

Реклама

Според министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ова е прва посета на Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година.