Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

АВМУ: Судот одби дел од тужбата на Левица против АВМУ

Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври 2025 година, донесе Решение со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври 2025 година, донесе Решение со кое како неоснован го одби предлогот од тужбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за издавање привремена мерка со која на АВМУ ќе ѝ се забрани: до комерцијалните медиуми да го достави Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, а до Државната изборна комисија – да го достави извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР), врз основа на кој ДИК ги распределува и исплаќа средствата за ППР, соопшти АВМУ. 

Како што се наведува во соопштението, Агенцијата го усвои Упатството со единствена цел да обезбеди јасни и прецизни насоки за радиодифузерите при примената на членот 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, кој ја уредува распределбата на времето за ППР. Содржината на Упатството е строго условена од одредбите на Изборниот законик, кој експлицитно ги пропишува бројот на минутите за ППР, нивната распределба и субјектите меѓу кои се распределува. Агенцијата, се додава понатаму, нема ниту можност, ниту овластување да излегува надвор од овие рамки, да доделува поголеми права од предвидените или да пропишува поинакви правила од оние утврдени со Законикот.

– Левица е парламентарна партија со своја пратеничка група и сигурно знае дека Изборниот законик може да се измени само во Собранието, каде пратениците можат да поднесат предлог за негова измена. И покрај тоа што овие факти му се добро познати на лидерот на Левица, тој упорно и намерно ги игнорира, користејќи ја секоја можна прилика за вербални напади врз Агенцијата. При тоа употребува крајно вулгарни, омаловажувачки и недолични изрази, несоодветни за јавна личност и за претставник на политичка партија. Ваквото однесување е веќе препознатлива пракса – истата стратегија на напади, лидерот на Левица ја применуваше и за време на претходните избори, кога Уставниот суд ги отфрли иницијативите поднесени од него против тогашното Упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024, се наведува во соопштението од АВМУ.

Реклама

Без оглед на ваквите континуирани и неосновани напади, Агенцијата, како што се посочува, останува доследна на својата единствена цел – почитување и спроведување на законските решенија.