Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Атанасовски: Современи училишта, бесплатни оброци и униформи за учениците во Македонска Каменица

Драги мој сограѓани, следниот мандат го продолжуваме со силен фокус на образованието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драги мој сограѓани, следниот мандат го продолжуваме со силен фокус на образованието и младите,  затоа што тие се нашата најголема вредност и иднината  на Македонска Каменица.  Во првите две години, целосно ќе го реконструираме Средното општинско училиште Миле Јаневски-Џингар  и спортското игралиште во Основното училиште Свети Кирил и Методиј, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ке продолжиме да ги подобруваме условите за квалитетна настава со современа опрема и напредни наставни помагала.

За поголема безбедност на нашите деца, ќе ги уредиме училишните дворови и ќе поставиме ново осветлување и заштитни огради.  Секое дете до петто одделение ќе добива бесплатен оброк и училишен прибор, а сите ученици до деветто одделение ќе имаат бесплатни униформи.

Реклама

Ќе го доопремиме подрачното училиште во село Моштица и ќе изградиме ново спортско игралиште за младите.

Ќе вложиме и во средното образование, преку поддршка на стручните насоки, практична настава и соработка со локалните компании,  за младите да добијат повеќе можности и причина повеќе да останат дома покрај своите во Македонска Каменица.

Нашата цела е јасна, подобро, модерно и достапно образование за секое дете.

Затоа што млада и образована Македонска Каменица значи силна и развиена општина.

Со вашата доверба ќе продолжиме да градиме место каде секое дете ќе има еднакви можности за учење, развој и успех. Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка.

Гласот за број 9 за Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Коалицијата „Твоја Македонија“ коалицијата предводена од Гоце Стоиловски, е глас за продолжување на развојот на нашата општина.