Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Асфалтирана улицата „30“ во населбата Илинден

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, Општина Илинден изврши целосна реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во местото Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто добила целосно обновен и современ изглед.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски извршил увид во завршните активности. Потенцирал дека реконструкцијата била неопходна поради оштетувањата настанати за време на изградбата на примарната мрежа на фекална канализација. Тој посочил дека оваа улица има особено значење за жителите од овој дел на општината, но и за непречено одвивање на сообраќајот на сите граѓани. Градоначалникот нагласил дека Општина Илинден континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, бидејќи тоа претставува клучен фактор за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.

Реконструкцијата е целосно финансирана од буџетот на Општина Илинден. Најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат активностите за унапредување на патната инфраструктура и во останатите делови од општината