Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Армијата викендов со отворен ден во Кавадарци

Оклопни возила, вооружување и заштитна опрема ќе можат да видат граѓаните на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оклопни возила, вооружување и заштитна опрема ќе можат да видат граѓаните на отворениот ден на Армијата кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци на 01.06.2025 година (недела) во период од 10:00 до 13:00 часот.

По повод меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR 25) која се одржува на АП „Криволак“, граѓаните одблиску ќе можат да ги видат новите армиски возила JLTV, инженериско возило „Husky“ и робот за откривање и деминирање на мини, како и НХБО средства. Дополнително ќе може да се запознаат со најновото пешадиско вооружување, заштитна опрема од армиите на САД, Италија и Македонија , но и апинистичката опрема на американската армија.

Меѓународната вежба „IR 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“. Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат над 2200 армиски припадници од земјава, САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Преку изведување на копнени и боеви гаѓања се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.