Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Армијата домаќин на Втората конференција за обука за „Страјкер“

Во периодот од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“, со учество на претставници од повеќе земји и воени структури. На конференцијата, како што соопштија од Армијата, учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави – Националната гарда на државата Вашингтон, Армијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“, со учество на претставници од повеќе земји и воени структури.

На конференцијата, како што соопштија од Армијата, учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави – Националната гарда на државата Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. армиска команда за обука и 2. коњички полк, како и претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Македонија и Канцеларијата на одбранбеното аташе на САД.

Конференцијата ја отворил директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој истакнал дека Армијата е посветена на развојот на способностите за употреба на возилата „Страјкер“ и на јакнење на својата улога како кредибилен сојузник во НАТО.

Реклама

Во рамки на работните сесии биле разгледани националните програми за обука, можностите за унапредување на заедничката рамка за обука, како и предизвиците поврзани со одржувањето и одржливоста на системите. Учесниците се запознале и со оперативните искуства од употребата на возилата, како и со капацитетите на Армијата за нивна обука и одржување.

По завршувањето на конференцијата биле усвоени заеднички заклучоци со кои се утврдуваат насоките за идната соработка и заедничките активности во областа на обуката, одржувањето и развојот на способностите поврзани со „Страјкер“.

Во рамки на настанот, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, остварил средба со бригадниот генерал Пол Селерс од Националната гарда на државата Вашингтон, при што била потврдена заедничката заложба за унапредување на билатералната воена соработка и размена на искуства.

Организаторите оценуваат дека конференцијата претставува значаен придонес за јакнење на интероперабилноста меѓу сојузниците и за развој на заедничките одбранбени способности во рамки на Алијансата.