Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 АРМ слави 33 години: над три децении посветеност, пожртвуваност, храброст и одлучност во служба на татковината

Повеќе од три децении напредок, безбедност и сигурност на граѓаните, македонската Армија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од три децении напредок, безбедност и сигурност на граѓаните, македонската Армија ја пишува својата приказн како   чувар на татковината. Токму таквата професионалност, пожртвуваност и одговорност, прави армијата да има висока доверба кај граѓаните, рече претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Централнат свеченост по повод Денот на Армијата, што се одржа во касарната Јане Сандански во Штип. На церемонијата присуствуваа премиерот, претседателот на Собранието,  дипломатскиот кор во државата, како и роднини и пријатели на новопромовираните подпоручници и подофицери.

  „Повеќе од три децении Армијата ја пишува својата приказна како чувар на татковината. Визијата на Генералштабот, дејството на Командата за операции, знаењето на Командата за обука и доктрини, поддршката на Логистичката база и честа на батаљонот за почести, се присутни во секој сегмент од армиското делување.  Нашата Армија е столб на стабилноста и мирот„ подвлече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Министерот за одбрана, Мисајловски им го честита роденотот на македонските војници и им се заблагодари на сите мажи и жени во униформи кои секојдневно со својот ангажман и пожртвуваност докажуваат дека Македонија, има организирана, професионална и високопочитувана  армија. Тој додаде дека финансирањето на Армијата е на високо ниво  и постојано се работи на нејзино  опремување и вооружување и тоа преку нови униформи, специјални возила, набавка на оружје, хеликоптери, опрема за сајбер одбрана.

Реклама

  „Денес можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво, а така и ќе продолжиме. Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките на Самитот на НАТО во Хаг и сакам да се заблагодарам на премиерот и на Владата за целата поддршка. ИНвестициите во одбрната ги гледаме на дело. Средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. Резултатот го гледаме пред нас, во новите лесни оклопни возила, во новите артилеериски орудја, во нова и напредна опрема која ни овозможува да кажеме дека македонската Армија, е НАТО армија  „ рече министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

„Армијата ја има најважната мисија, а тоа е одбрана и заштит на теритеријалниот интегритет и независноста на татковината. Почитувани припадни, нашата мисија е наш светост. Таа е наш императив и наша суштина . Во изминатиот период напорно работевме во иполнувањето на истата. Јасно ги поставивме приоритетите со што значително се подобрија борбените функции со што ја зголемивме борбената готовност„ рече началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Центарот за обука на питомци и офицери беше одликуван со Орден за воени заслуги, а на церемонијата беа построени и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери кои неодамна го завршија школувањето и обуката.