Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

АРМ и НАТО подготвени: Борбени хеликоптери „APACHE“, тенкови и вооружување дел од големата мултинационална вежба на Криволак

Мултинационална вежба со изведување на копнено борбени дејства и бојни гаѓања ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мултинационална вежба со изведување на копнено борбени дејства и бојни гаѓања ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“ од 26 мај до 9 јуни. Околу 2.200 армиски припадници од 7 НАТО земји членки и две партнерски држави на Алијансата ќе учествуваат во вежбата „Immediate Response 25“, најголем дел од македонската Армија, 950.

Борбени хеликоптери „AH-64 APACHE“, тенкови „Леопард“, оклопни возила, транспортни хеликоптери, минофрлачи и друга опрема и вооружување ќе се користат во вежбата која има за цел да ја зајакне подготвеноста на НАТО и интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските сили, а преку заедничко дејствување во сложени услови прикажувајќи способности за одвраќање. Воедно, вежбата ја унапредува регионалната безбедност, тестирајќи ја заедничката логистика и координација.

Сценариото на „IR – 25“, опфаќа демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби, појаснија од Генералштабот на АРМ на денешниот брифинг со медиумите.

Реклама

Началникот на Генералштабот на АРМ, Сашко Лафчиски на брифингот истакна дека оваа воена вежба е многу важна за нас, но и за НАТО.

-„Immediate Response 25“ е можност на сојузничките партнерски сили преку вежби да го зајакнат источното крило на НАТО со цел подготовка за подобар и побрз одговор, како и размена на искуства. Дел од армиските системи кои ќе учествуваат во вежбата за првпат ќе ги видиме на „Криволак“. Воедно вежбата е своевиден тест и за нашата лесна пешадиска баталјонска бригада и нивните достигнувања, посочи Лафчиски.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, на брифингот истакна дека армискиот полигон „Криволак“ е на врвот на интересот на Алијансата.
-Вежбата е одлична можност да учиме едни од други, да размениме искуства и да покажеме висок степен на подготвеност, вели Ѓоргоски.

На „Криволак“ ќе учествуваат армиите на Македонија, САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединетото Кралство и Австрија и Косово како партнери.

Во исто време, „Immediate Response 25“, ќе се спроведува и во Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Словачка. „Immediate Response 25“ е дел од серијалот на вежби „Defender 25“ кои редовно се реализираат.

Од АРМ додаваат дека за време на вежбата ќе се користи само стандардна муниција која е во согласност со заштитата на животната средина.

Како дел од вежбата, на 1 јуни во Кавадарци ќе се одржи отворен ден за граѓаните на кој ќе биде прикажана дел од воената опрема, а неколку дена претходно во Штип, Битола и Скопје ќе има концерти на воените оркестри на АРМ и Националната гарда на Вермонт.

„Immediate Response 25“ ќе ја проследи и државниот врв чие присуство е потврдено.