Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

„Априлијада“ во Скопје – забава за сите генерации

Први април, Денот на хуморот, смеата и безопасните шеги, традационално беше одбележан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Први април, Денот на хуморот, смеата и безопасните шеги, традационално беше одбележан денеска во Скопје и во другите градови низ земјава. Најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираа создавајќи ведра и шарена атмосфера. 

null

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Денот на шегата потсети дека радоста, смеата и детската безгрижност се најубавиот украс на секојдневието.

Додаде дека денес повторно во Скопје се одржа манифестацијата „Априлијада“, која по неколку години застој се врати кај најважната публика – децата.

Реклама
null

-На 1 април, кога насмевките се најискрени а фантазијата нема граници, им даваме простор на децата да бидат токму тоа што се, креативни, разиграни и среќни, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. 

Додаде дека денеска Градскиот трговски центар во Скопје беше исполнет со смеа, бои и енергија, создавајќи атмосфера што долго ќе се памети.

Во рамки на програмата се одржа ревија на маскирани деца, збогатена со танцови точки и настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош.

Публиката уживаше во изведбите на балетските студија „Брејк а лег“ и „Марбал“, како и во настапите на „Златните славејчиња“ и „Театар за тебе“, кои внесоа дополнителна магија на сцената.

Заедно со директорката на Детскиот културен центар, д-р Билјана Лалчевска-Серафимовска, доделивме таблети на учесниците од ликовниот конкурс, како симболична награда за нивната креативност и труд.

null

Возобнувањето на „Априлијада“, како пто посочи градоначалникот, е порака дека ќе продолжиме да создаваме вакви моменти, бидејќи нашите деца го заслужуваат најдоброто.