Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Апокалипса во Њујорк: Подземната поплавена, патници заробени во вагони, надреални снимки го преплавија интернетот

Над 50 милиони жители на североистокот на САД денес се под итни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 50 милиони жители на североистокот на САД денес се под итни предупредувања за изненадни поплави, откако разорни дождови и невреме предизвикаа целосен хаос во метрополите.

Најтешко погодени се Њујорк, Вашингтон, Балтимор, Њуарк и Арлингтон, каде ситуацијата е критична поради опасноста од надојдени води. На улиците на Њујорк, водата навлезе во подземната железница. Патници останаа заглавени во вагони додека надоаѓа водена стихија. Полицијата објави дека „Крос Бронкс експресвеј“ е затворен во двата правци – автопатот е претворен во река. Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба заради обилните врнежи и опасните поплави. „Останете дома и не патувајте без потреба“, апелираше тој.

Авиосообраќајот е во колапс – речиси 2.000 летови се откажани, над 10.000 доцнат. Аеродромот „Њуварк“ привремено е затворен. Компанијата „Јунатед Ерлајнс“ соопшти дека има „ограничена оперативност поради преоптовареност“. Најлошото можеби допрва следи – метеоролозите предупредуваат дека бавно-подвижните олујни системи би можеле да предизвикаат нови поплави во Пенсилванија и пошироко. Службите за итни случаи се во состојба на висока готовност, а граѓаните се повикуваат на крајна претпазливост и следење на официјалните информации.